домаМакедонијаШасивари од Манила: Насилството врз децата бара одговор што ги надминува државните...

Шасивари од Манила: Насилството врз децата бара одговор што ги надминува државните граници

- Advertisement -spot_img

Министерот за правда Јетон Шасивари учествува на Втората глобална министерска конференција за ставање крај на насилството врз децата, што се одржува во Манила, Филипини, со учество на министри од 131 држава.

На панел-дискусијата за заедничките европски предизвици и решенија, Шасивари посочи три клучни проблеми: новите форми на насилство преку дигиталните технологии, недоследното спроведување на законските гаранции и недоволната координација меѓу институциите.

Тој информираше дека со подготовката на новиот Кривичен законик се предвидува надминување на правните празнини во заштитата на децата од онлајн насилство и сексуална експлоатација, со посебен акцент на децата на возраст од 14 до 17 години.

Шасивари ја истакна и потребата од подобра заштита на децата во текот на институционалните постапки, поголема дигитална писменост и подобра координација меѓу полицијата, правосудните органи, образовните и здравствените институции и центрите за социјална работа.

Нагласи дека успехот на системот не се мери само според почитувањето на процедурите, туку пред сè според тоа дали детето добило навремена заштита и поддршка и дали е спречено повторувањето на насилството.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img