Ја обновуваме жичницата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед! – ветува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако ја затвори во мај, годинава.
Жичницата е едно од омилените скопски доживувања.
Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град, романтичен е градоначалникот, но потсетува дека „при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства“.
Како што посочува Ѓорѓиевски, при извршениот увид биле констатирани сериозни недостатоци, кои, според него, се последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства.






