Бербата на тутунот привршува, производителите веќе се преокупираат со откупната сезона. Поради временските неприлики, сушата и градот количествата се намалени, но сè уште Македонија и Турција се најголемите светски производители на ароматичен тутун кој се бара на пазарот.
Македонија влезе во светската асоцијација на тутунопроизводители. Та значи афирмација на производството и можност за подобар пласман.
Годинава на сила е досегашниот закон за откуп на тутунот. По 15 ноември, откако ќе се верифицираат мострите, компаниите може да го откупуваат родот на тутунот.






