Резултатите од меѓународното оценување на учениците ПИСА 2025 покажуваат пад на перформансите во читањето и математиката на глобално ниво.
Во Македонија, 15-годишните ученици имаат пониски резултати по математика во споредба со 2022 година, додека постигнувањата по читање и наука остануваат на приближно исто ниво, покажуваат резултатите.
Според податоците од извештајот, најголем дел од учениците во земјава се соочуваат со сериозни недостатоци во основните вештини.
По математика само 32 отсто од учениците достигнале барем основно ниво на познавање, додека просекот на ОЕЦД изнесува 65 проценти.
Кај науката, околу 36 проценти од учениците во земјата ги совладале основните концепти.
Резултатите покажале дека како минимум, овие ученици можат да го препознаат точното објаснување за познати научни феномени и можат да го користат таквото знаење за да идентификуваат.
Околу 26 проценти од учениците во Македонија постигнале ниво 2 или повисоко во читање, а ниту еден ученик не достигнал до највисоките нивоа.
Во извештајот со резултатите се наведува дека во периодот од 2022 до 2025 година е забележано зголемување на јазот меѓу 10 проценти од учениците со најдобри резултати и 10 отсто од оние со најслаби постигнувања во сите три области – математиката, читањето и природните науки.






