домаМакедонијаШасивари во Будва се сретна со министерот за правда на Црна Гора,...

Шасивари во Будва се сретна со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ

- Advertisement -spot_img

Во рамки на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржува во Будва, остварив билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

На средбата ги потврдивме добрите односи и партнерството меѓу двете земји, нагласувајќи ја важноста од продлабочување на институционалната соработка во областа на правдата.

Разговаравме за унапредување на реформите во правосудните системи, размена на искуства и добри практики, зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и забрзување на европската агенда.

Црна Гора е важен регионален партнер, а соработката меѓу нашите институции е од суштинско значење за изградба на поефикасни, транспарентни правосудни системи, усогласени со европските стандарди.

Продолжуваме со дијалог, партнерство и заедничка одговорност за постабилен регион и поблиска иднина во Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img