Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на Самитот за проширување на Европската Унија 2026 во Брисел, во организација на „Еуроњуз“, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.
Главните теми на самитот ќе бидат проширувањето на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува Унијата во процесот на прием на нови членки.
Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа (САЦЕУР), генералот Алексус Грегори Гринкевич.
Средбите со претставниците на НАТО се предвидени во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (ШАПЕ) во Монс, а во агендата се и разговори со претставници на европските институции.






