домаРегионНОВ ВОЗДУШЕН ИНЦИДЕНТ МЕЃУ СОСЕДИТЕ: Турски авиони повторно над грчка територија -...

НОВ ВОЗДУШЕН ИНЦИДЕНТ МЕЃУ СОСЕДИТЕ: Турски авиони повторно над грчка територија – еве што им била намерата!

- Advertisement -spot_img

Вкупно 15 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај во FIR Атина и 13 нарушувања на грчкиот воздушен простор од страна на турски воени летала биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, сите летала биле идентификувани и пресретнати од грчките воздухопловни сили, согласно меѓународните правила и воспоставената практика.

Според објавените податоци, во инцидентите учествувале вкупно девет летала. Станувало збор за формација составена од два борбени авиони Ф-16, како и уште седум летала кои дејствувале самостојно: еден авион ЦН-235, еден АТР-72 и пет беспилотни летала.

Кај двата вооружени борбени авиони Ф-16 биле евидентирани две прекршувања на правилата за воздушен сообраќај. Другите два авиони, ЦН-235 и АТР-72, предизвикале по едно прекршување.

Најголемиот дел од регистрираните инциденти биле поврзани со петте беспилотни летала. Тие биле одговорни за вкупно 11 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај и 13 нарушувања на грчкиот воздушен простор.

За време на случувањата биле забележани и две воздушни конфронтации меѓу грчки и турски воздухопловни средства.

Од грчка страна било соопштено дека турските воени летала биле навремено идентификувани и пресретнати во согласност со меѓународните правила и досегашната практика.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img