домаМакедонијаФиктивни книжења открија штета од над 7 милиони денари за државниот буџет

Фиктивни книжења открија штета од над 7 милиони денари за државниот буџет

- Advertisement -spot_img

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик и управител на компанија, како и против самото правно лице, поради сомневање дека преку фиктивна документација избегнувале плаќање даноци и го оштетиле државниот буџет за милионски износ.

Според информациите од Финансиската полиција, пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство Скопје против физичкото лице М.Д. и компанијата со која управувал, поради сомневање за сторени кривични дела поврзани со даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги.

Истрагата покажала сомнежи дека во текот на 2021 година, преку фиктивни сметководствени записи, биле прикажувани неточни податоци поврзани со продажба на нафта и нафтени деривати.

Според надлежните, преку таквите книжења биле присвоени повеќе од 7 милиони денари, а не бил пресметан и уплатен данок на личен доход во износ од 782.198 денари.

Дополнително, со прикажување на нереални финансиски податоци, наводно биле намалувани залихите, приходите и обврските за данок на додадена вредност, додека истовремено била зголемувана набавната вредност на продадената стока.

На тој начин, според сомнежите на Финансиската полиција, било избегнато плаќање на повеќе даночни обврски – ДДВ во износ од 1.653.677 денари, данок на личен доход од 782.198 денари и данок на добивка од 664.846 денари.

Во текот на дополнителните проверки, надлежните утврдиле и сомнежи за нови неправилности во 2024 година. Тогаш, според пријавата, била присвоена стокова залиха во вредност од 12.630.670 денари, без таа да биде прикажана како кусок во сметководствената евиденција.

Поради тоа, осомничениот наводно избегнал плаќање дополнителен ДДВ од 1.925.177 денари и данок на личен доход од 1.403.267 денари.

Според пресметките на Финансиската полиција, со сите пријавени дејствија, физичкото лице и компанијата предизвикале вкупна штета на Буџетот на Република Македонија од 7.211.359 денари.

Случајот е предаден на надлежното обвинителство, кое треба да утврди дали постојат доволно докази за понатамошно кривично гонење.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img