За Нова година во Скопје ќе има организиран дочек, за кој програмата веќе се подготвува, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој рече дека се планира дочек со настапи на македонски изведувачи, како и дека и годинава Државна лотарија „ќе даде поддршка за организација на културниот дел и изведувачите“.
„Иако имаше поделени мислења кај дел од мојот тим, често и кај граѓаните кога комуницирам, јас одлучив акцент да ставиме на македонска музика и македонски изведувачи оваа година. Мислам дека имаме широк спектар наши уметници кои се познати не само во Македонија туку и пошироко. Така што, најдоброто е домашното и затоа ќе имаме оваа година наши македонски изведувачи на кои ќе им дадеме шанса да ги забавуваат скопјани“, рече Ѓорѓиевски.






