Извештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.
Најновиот Извештај на Европската комисија за Македонија за 2026 година беше објавен на 4 ноември 2026 година, а во Собранието расправите за годишните извештаи на ЕК традиционално се одвиваат и на заеднички седници на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.
Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката.
Дебатата ќе се одржи во сала „Голема купола“ во Собранието.






