домаШоубизСкап развод од Ана Ивановиќ: Швајнштајгер ќе плаќа годишно по околу половина...

Скап развод од Ана Ивановиќ: Швајнштајгер ќе плаќа годишно по околу половина милион евра

- Advertisement -spot_img

Разводот на поранешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер би можел скапо да ја чини германската спортска легенда.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за сума од над половина милион евра годишно.

Швајнштајгер ќе мора да издвојува 45.000 евра месечно за издршка на своите три сина што ги има со Ивановиќ, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации од Германија.

Екс тенисерката го запозна поранешниот капитен на Германија, Швајнштајгер во 2014 година, а две години подоцна тие стапија и во  брак на 12 јули 2016 година во Венеција.

Во бракот добија три сина – Лука, роден во 2018 година, Леон, роден во 2019 година, и трет син, роден во 2023 година. Нивната врска заврши по речиси 11 години, а разделбата беше официјално потврдена во јули 2025 година. Како причина беа наведени непремостливи разлики.

Судот на Мајорка донесе привремена одлука според која поранешниот германски репрезентативец мора да плаќа по 15.000 евра за секое дете.

На годишно ниво, тоа изнесува околу 540.000 евра, пренесуваат германските медиуми. При одредувањето на издршката, судот ги зел предвид приходите на Швајнштајгер и животниот стандард на кој децата биле навикнати.

Исто така, биле земени предвид и трошоците за нивното секојдневие, вклучително и плаќањето за приватни готвачи, дадилки, куќни помошници и градинари, пренесува Sportal.rs.

Старателството над децата ѝ припадна на Ана, која исто така ќе ја задржи куќата на Мајорка, купена пред таа да стапи во врска со Швајнштајгер.

Фудбалерот ја заврши својата професионална кариера во 2019 година, но сепак остварува значителни приходи. Од 2020 година, тој работи како стручен аналитичар на германската телевизија АРД (ARD), со која има договор најмалку до 2027 година.

Според достапните проценки, тој добива меѓу 10.000 и 25.000 евра за секое телевизиско појавување.

Приходи остварува и преку спонзорски соработки, меѓу кои се издвојува кампањата за познат ланец на ресторани за брза храна, подготвена во пресрет на Светското првенство во 2026 година.

Неговото вкупно богатство се проценува на 60 до 70 милиони евра.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img