домаШоубизТЕНОРОТ ДАМЈАН ПОПОСКИ И ПИЈАНИСТКАТА ЈАНИНКА НЕВЧЕВА СО РЕЦИТАЛ НА 27 НОЕМВРИ...

ТЕНОРОТ ДАМЈАН ПОПОСКИ И ПИЈАНИСТКАТА ЈАНИНКА НЕВЧЕВА СО РЕЦИТАЛ НА 27 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

- Advertisement -spot_img

Тенорот Дамјан Попоски и пијанистката Јанинка Невчева ќе одржат концерт насловен „Вечер на американската соло песна на дваесеттиот век“ на 27 ноември во 20 часот, во Салонот 19,19 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

На програмата се циклуси и соло песни од американските композитори Семјуел Барбер, Чарлс Ајвс и Ерон Копланд. Рециталот е подготвен во Белград, под менторство на професорите Никола Мијаиловиќ и Милица Илиќ.

Попоски дипломирал на Менхетенската школа за музика во Њујорк, во класата на професорката Мињон Дан, а се усовршувал со познати професори од светската оперска сцена. Оперското деби го имал во улогата на Бартоло во Моцартовата опера „Свадбата на Фигаро“ во Вајмар, Германија. Настапувал во Македонија, Италија, Германија, САД, Канада и Грција.

Невчева музичкото образование го стекнала во Кавадарци и во Скопје, а од 2000 до 2005 година се усовршувала во Париз. Настапува како солистка и во камерни состави во земјава и во странство. Од 2006 година работи како корепетитор во Операта и балетот.

Концертот е во организација на „Балкан опера студио“, а влезот е слободен.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img