домаХроникаИсценирале сообраќајка во Тетово за да земат пари од осигурување: Фатени се...

Исценирале сообраќајка во Тетово за да земат пари од осигурување: Фатени се на снимки од „Безбеден град“

- Advertisement -spot_img

Полицијата уапси две лица поради сомнение за сторено кривично дело „осигурителна измама“.

Според информациите на МВР, вчера во 21:55 часот во СВР Тетово, С.А.(44) од с.Џепчиште пријави случена сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„135“ и ул.„Саво Тасевски“ во Тетово, каде наводно четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел.

По преземени мерки полициски службеници извршиле проверка на видеозаписите од безбедносните камери на системот „Безбеден град“ при што било констатирано дека четирициклот не учествувал во сообраќајна несреќа, туку бил донесен на местото со возило на влечна служба, растоварен и потоа намерно превртен од страна на неколку лица на тротоарот со цел да се фингира сообраќајна незгода.

Во координација и по насоки со Обвинителството во Тетово, четирициклот е одземен со потврда и задржан за понатамошна постапка. Околу 23:50 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода возачот Ш.А. и пријавителот С.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „осигурителна измама“.

Осомничените се задржани во полициска станица Тетово за понатамошна постапка, по што ќе следи соодветен поднесок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img