домаЕкономијаЦените на становите во Скопје пораснаа за 13,3 проценти, велат пресметките врз...

Цените на становите во Скопје пораснаа за 13,3 проценти, велат пресметките врз основа на огласите

- Advertisement -spot_img

Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да растат, но со намалено темпо споредено со претходно.

Народна банка ги извади најновите податоци за цените на становите за вториот кваратал од тековната 2026 година. според нивните податоци, во текот на второто тромесечие цените на недвижностите се зголемиле за 13,3 отсто на годишно ниво, додека споредено со претходниот квартал растот е 5,5 проценти.

– Индексот на цени на станови, којшто се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови, во вториот квартал од 2026 година бележи раст. На квартална основа, цените на недвижностите забележаа раст од 5,5%, а годишниот раст и натаму забавува и изнесува 13,3%, наспроти 16,6% во претходниот квартал – се посочува во нивната објава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img