домаМакедонијаМВР повторно без здравствено осигурување, синдикатот реагира: Засегнати се околу 11.000 семејства

МВР повторно без здравствено осигурување, синдикатот реагира: Засегнати се околу 11.000 семејства

- Advertisement -spot_img

Вработени во Министерството за внатрешни работи повторно се соочуваат со прекин на здравственото осигурување, дознава и пренесува 4news.mk. За проблемот реагира и Независниот синдикат на полицијата (НСП), кој тврди дека околу 11.000 семејства не можат да ги остварат своите редовни здравствени потреби.

Според синдикатот, денешниот проблем се појавил при повторното пријавување во системот на вработени во МВР опфатени со процесот за дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои претходно биле одјавени.

„Независниот синдикат на полицијата најостро реагира на проблемот во Фондот за здравствено осигурување кој веќе редовно се појавува при секоја повторна пријава на вработени во МВР кои претходно биле одјавени, како што е и денешниот случај со враќањето во системот на колегите опфатени со процесот од дискотеката ‘Пулс’ во Кочани“, наведуваат од НСП.

Оттаму бараат Фондот да обезбеди решение со кое ваквите ситуации нема да се повторуваат, нагласувајќи дека средствата за здравствено осигурување редовно се издвојуваат од платите на вработените.

„Фондот за здравствено осигурување мора да си најде решение на ваквите ситуации поради кои околу 11.000 семејства остануваат без здравствено осигурување и не можат да ги остварат нивните редовни здравствени потреби“, порачуваат од синдикатот.

Бројот на засегнати семејства и поврзаноста на денешниот прекин со повторното пријавување на вработените се наводи на НСП. Во реакцијата не се прецизира по кој основ тие повторно се внесуваат во системот.

Последниот јавно документиран прекин беше на 10 и 11 август годинава. На 11 август вечерта МВР и ФЗО соопштија дека состојбата е нормализирана по координација со Управата за јавни приходи. Тогаш најавија и изнаоѓање системско решение за непречено користење на здравственото осигурување во иднина.

Во август Фондот објасни дека проблемот бил поврзан со дополнително пријавување вработени вратени на работа со судски одлуки, за кои не била евидентирана соодветна уплата на придонесите за претходниот период. Според ФЗО, во таквите случаи се потребни корекции на пресметките и доплата на придонесите, а ненавременото постапување може да го засегне осигурителниот статус и на останатите вработени. Фондот тогаш отфрли дека причината е технички застој или рачно исклучување на осигурениците.

МВР, пак, тогаш тврдеше дека со јулската плата биле уредно платени сите придонеси за пријавените вработени и дека проблемот не бил предизвикан од Министерството.

Прекин имаше и на 26 јуни. Според тогашното известување на „Телма“, министерот Панче Тошковски го објаснил со погрешно внесен матичен број, а интервенцијата за нормализирање на состојбата траела повеќе од четири часа.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img