домаМакедонијаМицкоски: Предвремени парламентарни избори ќе ја банкротираат државата

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ќе ја банкротираат државата

- Advertisement -spot_img

Нам политички ни одговара да одиме на избори, но ако гледаме суштински, треба да ни е јасно дека во следните две години ние треба да најдеме пет милијарди евра. Следната година треба да најдеме 2,3 милијарди евра. Шест месеци техничка влада ќе ја однесе државата директно во банкрот. И таа техничка влада ќе биде во пикот на најжестоката зима во јануари и делумно може во февруари, рече Мицкоски.

Предвремени парламентарни избори ќе нема бидејќи земјата ќе банкротира, а избори не препорачуваат ниту од меѓународната заедница. Дури и владиниот партнер ЗНАМ, чиј лидер е Максим Димитриевски, да излезе од Владата, ќе нема избори бидејќи власта и без пратениците од оваа партија има мнозинство во Собранието.

Ова може да се заклучи од брифингот на премиерот Христијан Мицкоски со новинарите откако жестоки реакции си разменија Вреди и ЗНАМ околу спорот на кој јазик да се полага правосудниот испит. Димитриевски најави можно напуштање на Владата ако испитот се полага и на албански јазик.
Мицкоски за ова веќе разговарал со Димитриевски, но не откри дали лидерот на ЗНАМ останал на позицијата дека ќе ја напушти Владата.

По средбата попладне меѓу премиерот и копретседателите на Вреди, Изет Меџити и Билал Касами, треба да бидат утврдени и предлозите за неколку заменици министри од овој владин партнер и со тоа да се заокружи реконструкцијата на вториот владин ешалон.

Мицкоски: Во 2028 година ќе биде многу полесно

– Во моментов е неодговорно. Ако гледаме политички, нам ни одговара да одиме на предвремени избори, но ако гледаме суштински, треба да ни е јасно дека во следните две години ние треба да најдеме пет милијарди евра. Следната година треба да најдеме 2,3 милијарди евра. Шест месеци техничка влада ќе ја однесе државата директно во банкрот. И таа техничка влада ќе биде во пикот на најжестоката зима во јануари и делумно може во февруари – рече Мицкоски.

Тој додаде дека тоа се пари земени во времето на короната, кои треба да се вратат, за да се рефинансираат дел од долговите, да се платат каматите и буџетскиот дефицит.

– Во 2028 година ќе биде многу полесно, иако тогаш станува збор за повеќе пари – околу 2,7 милијарди евра, но ќе можеме да ги пренесеме побарувањата во 2029 година, бидејќи единствено 2029 година не успеале да ја пополнат. Значи, дел од обврските во 2028 година можеме да ги транспонираме во 2029 година и да излеземе од овие две години кога треба ликвидност да обезбедиме од пет милијарди евра во моментов. Ако ние сега направиме во 2027 година предвремени парламентарни избори, со шест месеци техничка влада, настрана што никој од меѓународната заедница не е за предвремени избори, тоа би било неодговорно однесување кон државата – рече премиерот.

Премиерот се сретнал со Димитриевски
Мицкоски откри дека веќе се сретнал со Димитриевски и го запознал со предлогот за комбиниран модел за полагање на правосудниот испит, пред да го испратат законот на мислење од Венецијанската комисија.

– Имав средба дента претходно со Димитриевски. Јас го запознав со сето ова, на ова му претходеше комисија, таа комисија имаше член номиниран од ЗНАМ. Така што, предлогот е тој и очекувам доколку добие зелено светло од Венецијанската комисија, да се најде пред пратениците и да се усвои – рече Мицкоски.

Според премиерот, ако законот добие негативно мислење од Венецијанската комисија, ќе биде преработен.
Мицкоски не откри дали Димитриевски и натаму останува на позицијата дека ќе излезе од Владата откако му бил објаснет предлогот за правосудниот испит.
На прашање на „Слободен печат“ – дали Владата ќе продолжи и без ЗНАМ, бидејќи и без пратениците од партијата на Димитриевски има мнозинство во Собранието, или ќе има предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека партијата што има мнозинство формира влада.

– Во светот на демократијата владите функционираат на принципот кој има мнозинство во парламентот, тој прави влада. Оваа влада има 75-76 пратеници, така што мнозинството е јасно изразено. Но, во одредени случаи, може да има и повеќе пратеници – рече премиерот.

Комбинираниот модел за правосудниот испратен до Венецијанската комисија
Тој потврди дека предлогот што Владата го испратила до Венецијанската комисија е комбинираниот модел за правосудниот испит.

– Секој што се стекнал со право да заврши високо образование – правен факултет, на јазик различен од македонскиот во Македонија, му се дава можност устениот, односно теоретскиот дел на кој се полагаат предмети од додипломските студии, да ги полага на јазикот на кој го дооформил високото образование, а тоа може да биде на албански, на турски и на англиски. Вториот дел од предметот, а тоа е писмениот дел, кога зборуваме симулирање на два судски случаи – едниот од кривично, другиот од граѓанско право, а бидејќи е јасно мислењето од Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците дека двојазичност во правосудниот систем не е дозволена, а ова е симулација на таков процес, тогаш сите студенти без исклучок го полагаат испитот на македонски јазик и со кирилично писмо. Тоа е предлогот што е упатен до Венецијанската комисија на мислење – рече премиерот.

По средбата со Димитриевски, премиерот попладнево требаше да се сретне и со Меџити и Касами на, како што рече, редовна координација.

– Ќе размениме мислења, нормално, треба да се пополнат неколку заменички места во Владата. Очекувам и тој процес да го завршиме. Што се однесува до кадровските прашања, имаме конструктивен коалициски однос и ќе продолжиме во таа насока. Претседател на Владата сум јас, и логично е врз основа на перформансите на поединци што доаѓаат од коалициските партнери, јас да бидам тој што ќе каже мислење за тие поединци, а не обратно – рече Мицкоски.

По реконструкцијата на Владата летово, треба да се пополнат заменик-министерските позиции во социјална политика и во култура.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img