Во Идризово рочиште за кочанската трагедија. Судскиот процес продолжи со презентирање нови материјални докази на Обвинителството за објектот каде се наоѓала дискотеката и правниот статус на имотот. Одбраната со реакции.
Со презентирање на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори што се вршеле пред кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ продолжи судењето. Обвинителството тврдеше дека од дел од инспекциските записи се гледа непостапување по претходно утврдени забелешки, додека одбраната реагираше дека се презентираат обемни и според нив нерелевантни докази.
Адвокатите повторно оценија дека обвинението е прешироко и предупредија дека постапката се одолговлекува.
Судскиот процес продолжува со изведување на материјалните докази предложени од Обвинителството.
Во пожарот што избувна на 16-ти март 2025 година загинаа 63 лица а над 200 беа повредени.








