домаМакедонијаСиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

- Advertisement -spot_img

На 22 Европски самит во Салцбург, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека Европската Унија треба да го забрза процесот на интеграција на Западен Балкан. Според неа, проширувањето не е само политика кон земјите-кандидатки, туку тест за капацитетот на ЕУ да дејствува стратешки.

Сиљановска-Давкова, обраќајќи се на сесијата „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, се осврна на европскиот пат на Северна Македонија и на предизвиците со кои се соочува процесот на проширување.

Таа потсети дека земјава 21 година има кандидатски статус, со 17 позитивни извештаи за почеток на преговорите, висок степен на усогласеност со европското законодавство и целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика.

Според претседателката, Северна Македонија на патот кон ЕУ понела тежок товар, вклучително и промена на државното име и уставни измени, од кои, како што посочи, најголем дел биле диктирани од надвор.

Сиљановска-Давкова оцени дека процесот на проширување сè почесто станува заложник на билатерални спорови и порача дека, доколку напредокот не зависи од спроведените реформи и исполнувањето на критериумите, се доведува во прашање кредибилноста на целиот процес.

Таа повика на заштита на принципот на заслуги, објективни и временски ограничени заштитни механизми и постепена интеграција која, како што нагласи, треба да води кон полноправно членство.

Според Сиљановска-Давкова, реформата на проширувањето не е услуга за Западен Балкан, туку инвестиција во геополитичкиот капацитет на Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img