домаМакедонијаАвтопатот Охрид–Кичево добива финален изглед: Туристите веќе ги споделуваат првите впечатоци (ВИДЕО)

Автопатот Охрид–Кичево добива финален изглед: Туристите веќе ги споделуваат првите впечатоци (ВИДЕО)

- Advertisement -spot_img

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата, влегува во својата завршна фаза, а бројни возачи и туристи веќе ги споделуваат своите впечатоци од патувањето по новите делници.


Видео објавено на социјалните мрежи, снимено од странски турист, прикажува дел од трасата по која овој продолжен викенд ќе поминат илјадници патници на пат кон Охрид и охридскиот регион.


Со пуштањето во употреба на поголем дел од автопатската делница, патувањето кон најголемиот туристички центар во земјата станува побрзо, побезбедно и значително поудобно за домашните и странските посетители.


Автопатот Охрид–Кичево со години беше еден од најочекуваните инфраструктурни проекти во Македонија, а неговото финализирање треба да придонесе за подобра поврзаност на југозападниот регион, развој на туризмот и побезбеден сообраќај.


Во пресрет на летната сезона, новата автопатска делница веќе го привлекува вниманието на туристите, кои преку социјалните мрежи ги споделуваат своите снимки и искуства од патувањето кон Охрид.


Погледнете го видеото од автопатот Охрид–Кичево и како изгледа трасата во пресрет на летната туристичка сезона.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img