домаМакедонијаОпштина Битола ја забрзува реконструкцијата: Интензивни градежни активности на улицата „Козара“

Општина Битола ја забрзува реконструкцијата: Интензивни градежни активности на улицата „Козара“

- Advertisement -spot_img

Во Битола денеска се одвиваат интензивни градежни активности на улицата „Козара“, зад Здравствениот дом, каде се врши бонификација на нестабилен терен под коловозот, односно стабилизирање на постелицата пред финалните фази на реконструкцијата.

По оваа фаза, како што информираат надлежните, ќе следуваат ископи, тампонирање, поставување на рабници, изработка на сливници и конечно асфалтирање на коловозот.

Од општинските служби посочуваат дека по завршувањето на работите на улицата „Козара“, градежните активности ќе продолжат на улицата „Чеде Филиповски“, како дел од поширокиот инфраструктурен зафат во овој дел од градот.

Претходното пролонгирање на работите, како што се наведува, било резултат на обезбедување потребна документација, имајќи предвид дека улиците се наоѓаат во централното градско подрачје кое е опфатено со Деталниот урбанистички план „Централно градско подрачје 1 дел“ и претставува заштитена урбанистичка целина.

Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на неколку улици, меѓу кои „Панде Николов“, „11-ти Март“, „Козара“, кракот од улицата „Козара“ и улицата „Чеде Филиповски“, со што се очекува значително подобрување на сообраќајната инфраструктура и условите за движење во централното градско подрачје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img