домаМакедонијаДурмиши: ДУИ две децении го злоупотребуваше албанскиот јазик, правосудниот испит ќе се...

Дурмиши: ДУИ две децении го злоупотребуваше албанскиот јазик, правосудниот испит ќе се полага и на албански

- Advertisement -spot_img

Министерот Бесар Дурмиши по денешниот протест на студентите порача дека проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик потекнува од времето кога ДУИ била на власт, обвинувајќи ја партијата за долгогодишна манипулација со ова прашање.

Според Дурмиши, студентите денес протестирале против неправда која, како што рече, постоела со години, бидејќи правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик.

Тој истакна дека протестот е демократско право, но обвини дека одредени политички структури се обидуваат да го злоупотребат.

„На протестот денеска без срам се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански – Муса Џафери и Блерим Беџети“, изјави Дурмиши.

Тој додаде дека Владата веќе работи на решавање на проблемот и посочи дека денеска во Владата се одржал состанок меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на коалицијата ВЛЕН.

„Студентите побараа правосудниот испит да биде на албански, а ние работиме сите професионални испити да бидат и на албански јазик. Многу брзо испитите ќе бидат и на албански“, порача Дурмиши.

Тој упати апел студентите да не станат, како што рече, жртви на политички манипулации и нагласи дека институциите веќе го презеле решавањето на ова прашање.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img