До пред неколку дена се чинеше дека американскиот претседател Доналд Трамп и Израел се подготвени за уште еден сеопфатен напад врз Иран, но сепак, по поразите на Републиканската партија на изборите во средината на мандатот, се чини дека Трамп попушта пред притисокот да се откаже од таквите планови во корист на дипломатско решение, се наведува во анализата што денеска ја објави „Блумберг“.
Изборите за Сенатот и Претставничкиот дом, одржани на 3 ноември, го покажаа обемот на американското противење на војната, истакнува „Блумберг“. Медиумот објаснува дека, иако се очекувало конфликтот да трае само неколку недели – при што Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со задоволство ја прифаќале можноста за соборување на иранското раководство – деветмесечната борба дојде до ќор-сокак.
Во меѓувреме, цените на енергенсите нагло пораснаа, а американските залихи на пресретнувачки ракети се исцрпени.
Иранските лидери остануваат цврсто на власт – и покрај поморската блокада што ја оптоварува економијата и нападите врз пловила во Ормускиот теснец – и предупредија на „кошмарно“ сценарио доколку Трамп повторно нареди напади од големи размери.






