домаМакедонијаЗа почист Прилеп: "Комуналец" и "Станица 5" со голема еколошка акција кај...

За почист Прилеп: “Комуналец” и “Станица 5” со голема еколошка акција кај Вештачкото езеро

- Advertisement -spot_img

НВО „Станица 5“ и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп организираа еко акција за чистење на излетничките, шумските и зелените површини околу Вештачкото езеро во Прилеп.

Во акцијата учествуваа доброволци и еко активисти, кои го собираа отпадот оставен од посетителите по мајските прослави. Според организаторите, биле собрани повеќе од 5 метри кубни отпад, кој потоа бил транспортиран и одложен на депонијата во Алинци.

Од „Комуналец“ и НВО „Станица 5“ апелираат до граѓаните при посетата на ова рекреативно место отпадот да го собираат и да го одложуваат во контејнерите поставени на три локации околу спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“.

Еко акцијата беше реализирана во рамки на иницијативата „Зелен петок“, со порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност на сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img