HomeМакедонијаМицкоски: Законот важи за сите, институциите постапуваат во случајот со член на...

Мицкоски: Законот важи за сите, институциите постапуваат во случајот со член на обезбедувањето

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција порача дека државните институции постапуваат во согласност со законот во случајот со припадник на неговото обезбедување кој е уапсен по пријава за семејно насилство.

Тој нагласи дека станува збор за ситуација во која надлежните органи веќе реагирале и дека правниот систем функционира без разлика на функцијата или блискоста до власта. Според него, ова претставува уште еден доказ дека нема поединци кои се над законот.

Мицкоски посочи дека ова не е изолиран случај поврзан со лица од неговото обезбедување, при што истакна дека во секој ваков случај ќе има нулта толеранција и целосно почитување на институционалната постапка.

Во своето обраќање тој направи споредба со, како што рече, претходни практики кога, според неговите зборови, припадници на обезбедување во минатото останувале неказнети и покрај инциденти со граѓани. За разлика од тоа, сега, како што наведе, секое прекршување веднаш се процесуира и добива институционален одговор.

Премиерот додаде дека нема простор за недисциплина и дека секој што ќе го прекрши законот ќе сноси последици, без исклучок.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img