На Инфективната клиника хоспитализирани се 12 пациенти со западнонилска треска, од нив тројца се на интензивна нега и на кислородна поддршка, меѓу нив и пациент кој одамна е хоспитализиран, неговата здравствена состојба е неизвесна.
Четврти ден нема нови случаи. Министерот за здравство Клековски посочи дека се преземаат сите мерки за сузбивање на епидемијата, се врши дезинсекција во местото на живеење на пациентот кај кој вирусот беше потврден изминатата недела.
Во Скопје заврши последното прскање против комарци. Според здравствените власти во наредните три до пет години треба да го напуштиме аеропрскањето и да преминеме комплетно на прскање од земја.






