HomeМакедонијаМеџити на ифтар со ИВЗ: рамазанот носи заедништво, почит и духовен мир

Меџити на ифтар со ИВЗ: рамазанот носи заедништво, почит и духовен мир

- Advertisement -spot_img

Претставници на политичкиот и јавниот живот вечерва присуствуваа на ифтар организиран од Исламската верска заедница, меѓу кои и Изет Меџити, кој преку објава ја истакна пораката за заедништво, почит и духовна блискост што ја носи месецот Рамазан.


Како што посочи Меџити, ифтарската трпеза била подготвена во духот на традицијата – со урми, традиционална храна, молитви и атмосфера што ги зближува луѓето.


Во својата објава тој нагласува дека на трпезата немало разлики меѓу присутните, туку пријателство, добри зборови и чувство на заедништво. Според него, ваквите средби ја потврдуваат суштината на Рамазан – солидарност, благодарност и духовна поврзаност.


Меџити упати и порака со желби за мир, добрина и прифатени молитви до сите верници, нагласувајќи ја важноста на меѓусебното почитување и хармонијата во општеството.


Ифтарските средби во текот на Рамазан традиционално се организираат со цел да се зајакнат врските меѓу заедниците и да се промовираат вредностите на толеранција и соживот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img