домаМакедонијаДелфина, малото гибонче што доби втора шанса за живот доби подарок

Делфина, малото гибонче што доби втора шанса за живот доби подарок

- Advertisement -spot_img

Малата Делфина беше спасена од негувателката Зера, откако мајка ѝ ја фрлила во езеро. Денес малото гибонче веќе се учи на самостоен живот, но си доби кадифена играчка, слично како на фотките што деновиве ги гледавме од Јапонија.

Додека во изминатите денови на социјалните мрежи масовно се споделуваше приказната за малото мајмунче од Јапонија кое било отфрлено од мајката и се приврзало за плишана играчка орангутан, од Скопската зоолошка градина нè потсетуваат дека и кај нас имавме слична приказна пред 4 години. Приказната за малото мајмунче гибонче Делфина, пред 4 години го обиколи светот, откако Bored Panda ја објави приказната за него.

Имено, Делфина беше отфрлена од мајката и фрлена во езеро, но благодарение на негувателката Зера Бекировска, која скокнала во водата за да го спаси, иако не знаела да плива, Делфина и денес живее во Зоолошката градина во Скопје.

Во овие 4 години, мајмунчето Делфина расте и се развива заради грижата на Зера, која ја прифатило како сопствена мајка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img