Скопје – Кога ќе се случи нешто неочекувано, пријавувањето на штетата не мора да претставува дополнителна грижа за граѓаните.
SIGAL Insurance Group Macedonia овозможува штетата да се пријави онлајн, брзо и едноставно, од каде и да се наоѓате.
Преку оваа услуга, клиентите можат да ја пријават штетата без непотребни процедури и без губење време.
Од компанијата посочуваат дека процесот е едноставен и достапен, овозможувајќи им на осигурениците пријавувањето да го направат дигитално, во секое време и од која било локација.
Онлајн услугите имаат за цел да ја олеснат комуникацијата со клиентите и да го направат процесот на пријавување на штети попрактичен и поефикасен.
SIGAL Insurance Group Macedonia – тука за своите клиенти кога им е најпотребно.






