Утре, 19 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Тетово и околните општини.
Од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат Автобуската станица во Тетово, објектот на „Медицинска пластика“, „Лидл“, стара „Македонија табак“ и „Палма мол“.
Од 08:45 до 14:00 часот, прекин е предвиден за ХПП „Бистрица“.
Од 08:55 до 10:30 часот, без напојување ќе останат Вратница, Беловиште, Јажинце, Ораше, Нераште, Старо Село, Глоѓи, Доброште, Теарце, Пршовце, Брезно, Првце, Одри, Јегуновце, Ротинце, Подбреге, Јанчиште, Прељубиште, Копанце, Туденце, Непроштено, Лешок и Слатино.
Од 09:00 до 14:00 часот, прекини ќе има на следните локации:
Тетово– новите згради спроти Основното училиште „Кирил и Методи“;
Прељубиште– објектите на патот од центарот кон џамијата;
Стенче и Волковија, како и „Њу Кантри“, „Башким Турс“ и водната пумпа во Блаце;
Џепчиште– објектите во близина на фурната „Паштрику“, на регионалниот пат.
Од 09:45 до 13:45 часот, без електрична енергија ќе бидат објектите во околината на улиците „Пролетерска“ и „Сараевска“ во Тетово.






