7.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаАмамот Шенгил во Чаир ќе прерасне во современ културен центар

Амамот Шенгил во Чаир ќе прерасне во современ културен центар

- Advertisement -spot_img

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави проект за целосна реставрација и реновирање на историскиот османски објект „Амамот Шенѓил“ во Скопје. Целта на проектот е зачувување и промоција на културното наследство како основа за градење и едукација на идните генерации.

Меџити истакна дека инвестирањето во зачувување и развој на културно-историските институции е еден од најважните столбови за градење на општество и неговото образование, и дека без грижа за наследството не може да се проектира иднината.

По реконструкцијата, „Амамот Шенѓил“ ќе се претвори во современ културен центар каде ќе се организираат настани од областа на уметноста, музиката, литературата и креативноста. Во објектот ќе се сместат здруженијата „Yeni Yol“, со повеќе од седум децении искуство во зачувување на турската култура и јазик, како и „Lilian“, кој повеќе од една деценија ја промовира босанската култура.

Со овој проект, Меџити посочува дека целта е зајакнување на културниот идентитет, оживување на Чаршијата и позиционирање на општина Чаир како значајна урбана и културна точка во градот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img