ВМРО ДПМНЕ Пробиштип упати сериозни обвинувања кон СДСМ и градоначалникот Драган Анастасов – Ладич, посочувајќи дека во работно време, со службени возила и со вработени од општината се снимале партиски спотови.
Според реакцијата, се доведува во прашање дали за ваквите активности биле користени и општински пари, што претставува директна злоупотреба на јавните ресурси. Дополнителна иронија, како што беше нагласено, е што сето ова се случувало додека наставно-воспитниот процес е во тек, а учениците се во училиште.
„Ова е вистинско ‘одвојување’ – но не на партијата од државата, туку на државните ресурси во корист на СДС,“ се вели во реакцијата.
Обвинувањата завршуваат со прашање за ветените европски вредности и транспарентност што партијата ги најавуваше:
„Ова ли се чесноста и европските стандарди за кои зборуваат? Ова ли е одговорноста што ја ветуваа?“









