„Заедно со Германија, ќе се погрижиме Украина да добие моќни системи за противвоздушна одбрана“, рече премиерот Јонас Гар Сторе. „Германија и Норвешка тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во нејзината борба за одбрана на земјата и заштита на цивилното население од руските воздушни напади“, додаде тој.
Двете земји финансираат два системи „Патриот“, вклучувајќи ракети. Норвешка, исто така, ќе придонесе за набавка на противвоздушен радар од германскиот производител „Хенсолдт“ и систем за противвоздушна одбрана „Конгсберг“.








