0.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски вети развој во велосипедска инфраструктура: двојно повеќе патеки во Скопје

Ѓорѓиевски вети развој во велосипедска инфраструктура: двојно повеќе патеки во Скопје

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Скопје наскоро ќе добие двојно повеќе велосипедски патеки, со што ќе се овозможи побезбедно и поздраво секојдневно движење за граѓаните.

„Иднината на нашите градови е во почист воздух, поздрави генерации и улици кои им припаѓаат на луѓето, а не на загадувањето“, истакна Ѓорѓиевски, поздравувајќи ја одлуката на Министерството за транспорт и врски за изготвување на новиот правилник за велосипедски патеки.

Новиот правилник ќе овозможи јасни стандарди за изградба на современи и безбедни велосипедски патеки, а секој нов километар патека значи чекор кон европски стандарди и одржливи градови. Во моментот, Скопје располага со 144 километри велосипедски патеки, а со новите проекти таа бројка ќе се удвои.

„Ги повикувам сите градоначалници целосно да ги применат мерките од правилникот. Само така ќе изградиме општини во кои велосипедот ќе стане симбол на здрава заедница и доказ дека локалната власт може и мора да гради подобра иднина за своите граѓани“, додаде Ѓорѓиевски.

Тој нагласи и благодарност до невладиниот сектор, како ГОУ ГРИН, кои се конструктивен партнер на локалната власт во создавањето современи и одржливи урбани простори.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img