Жена од гостиварско пријавила дека била физички нападната пред семејната куќа од 65-годишен роднина на нејзиниот сопруг, по претходна расправија.
Како што се наведува во полицискиот билтен, настанот бил пријавен на 11 октомври во Полициското одделение Ростуше.
Според пријавата, жената подолг период била изложена и на психичко и физичко малтретирање од сопругот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и документирање на наводите, по што ќе следува соодветен поднесок.






