домаМакедонијаАвстрија, Чешка и Словачка бараат билатералните прашања да се решаваат меѓу земјите

Австрија, Чешка и Словачка бараат билатералните прашања да се решаваат меѓу земјите

- Advertisement -spot_img

азлични ставови меѓу земјите од Европската унија за ограничување на можноста за вето во процесот на проширување. Дел од членките бараат подетално разгледување на заштитните механизми, додека други инсистираат да се задржи едногласното одлучување.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, нагласи дека предлозите се смели, но дека актуелните геополитички околности бараат поголема решителност и пофлексибилен процес на носење одлуки. Австрија, Чешка и Словачка доставиле нон-пејпер во кој токму билатералните прашања ги посочиле како кочница за евроинтеграциите и го забавуваат пристапниот процес на кандидатите. При тоа ги споменале примерите на Хрватска и Црна Гора, но во ист контекст се споменуваат и Македонија и Бугарија. Трите држави предлагаат билатералните спорови да се решаваат преку директни разговори меѓу државите за да не го попречуваат напредокот на кандидатите и тие постепено да се вклучуваат во одредени политики на унијата. Еврокомесарката Кос посочува:

„Од една страна од земјите кандидати, кои сега гледаат дека не им го одземаме правото на вето. Единственото нешто што го сугерираме таму е тие на волонтерска основа да направат некаква декларација дека нема да носат билатерални прашања во процесот на проширување. Од земјите членки многу различно: за некои од нив би сакале да одат подлабоко во заштитните мерки, за некои од нив велат „сакаме целосно да се држиме до едногласноста.“

Меѓу земјите членки на унијата и кандидатите, сепак има реакции за предложеното.

„Третиот пункт е исто така многу важен, имено, се држиме до принципот заснован на заслуги, што е неопходно. Од друга страна, ова зема време. И мораме да воведеме, и воведуваме – го нарекуваме зголемена постепена интеграција, јас го нарекувам ова, „повеќе Европа пред членство“- дополни Марта Кос.

Еврокомесарката Кос посочувајќи ги геополитичките состојби во светот, укажува дека и унијата и земјите кандидати за членство преку соработка може да ги надминат предизвиците, имајќи ги пред вид хибридните напади, дезинформациите и безбедноста во целина.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img