Патување од околу 25 минути и позитивни впечатоци од услугата – ова го издвојуваат патниците кои го користат градскиот воз на релацијата Зелениково – Скопје, во видеото објавено на фејсбук-каналот „Да те прашам нешто“.
Соговорниците во видеото го споделуваат своето искуство со железничкиот превоз, нагласувајќи дека брзината со која стигнуваат до дестинацијата е една од неговите главни предности. Нивните одговори покажуваат дека возот им нуди практична можност за секојдневно патување меѓу Зелениково и главниот град.
Патувањето во двете насоки трае околу 25 минути, зависно од конкретното поаѓање. Трасата ги опфаќа станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а завршува на централната Железничка станица во Скопје.






