Над 10 луѓе загинаа, а стотици се повредени во трет за неделава напад на Хутите врз саудискиот меѓународен аеродром во Ријад. ООН и САД со осуда. Трамп најави разговор со саудискиот престолонаследник и не ја исклучи можноста воено да се приклучат на саудиските напади врз Хутите.
Македонската амбасада во Абу Даби ги повика македонските државјани во Саудиска Арабија, особено во Ријад, да бидат внимателни и да ги следат безбедносните упатства.
Во меѓувреме, американската војска соопшти дека погодила и онеспособила товарен брод под панамско знаме во Оманскиот Залив, откако, според Вашингтон, се обидел да ја пробие поморската блокада кон Иран.






