Засилен сообраќај е регистриран на патиштата надвор од населените места, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви.
Најголемо задржување во моментов има на граничниот премин „Богородица“, каде што возачите кои ја напуштаат државата чекаат околу 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, според АМСМ, нема подолги задржувања при влез и излез од земјата.
Од АМСМ потсетуваат на потребата од внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Посебно внимание се препорачува на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од одрони.
Возачите се повикуваат да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат внимателно, особено на критичните патни правци.






