15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЗголемен интерес за осигурување

Зголемен интерес за осигурување

- Advertisement -spot_img

Осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд во последните неколку години, покажуваат податоците од Агенцијата за супервизија на осигурување. Во 2024, споредбено со претходната година забележан е пораст од 11.32%. Осигурителните друштва велат, во подем е дополнителното здравствено осигурување, за кое има најголем интерес, но исто така се зголемува продажбата и за КАСКО осигурување, како и за осигурувањето на имот …

Во последните неколку години се забележува зголемена свесност и интерес, за осигурување по различен основ кај населението во земјава. Според Агенцијата за супервизија на осигурувањето вкупната полисирана премија во 2024 е зголемена за 11,32 отсто во однос на претходната година.

Осигурителните друштва велат, покрај задолжителните полиси, интересот е зголемен за полиси за КАСКО осигурување, доста популарно е имотното осигурување, а на прво место е дополнителното приватно здравствено осигурување.

Одговорите на граѓаните кои ги анкетиравме покажуваат дека најголем дел од нив во текот на животот имале некаков вид на осигурување. Дел од нив иако сметаат дека тоа е добро, сепак немаат никаква полиса.

Од осигурителните друштва велат за да не доаѓа до дополнителни проблеми при користење на нивните услуги, граѓаните целосно да се информираат пред склучувањето на полиси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img