Силен земјотрес бил почувствуван синоќа во јужниот дел на Албанија, 40 минути по полноќ. Како што јавуваат албанските медиуми, епицентарот бил на шест километри од Химара, со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот се случил на длабочина од пет километри. Потресот бил почувствувани во неколку градови околу Химара. Според најновите извешти, земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.
Досега нема извештаи за штети. Земјотресот бил почувствуван и во делови од Грција.






