домаМакедонијаПоранешен директор на „Пошта“ под истрага за злоупотреба на службената положба

Поранешен директор на „Пошта“ под истрага за злоупотреба на службената положба

- Advertisement -spot_img

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Ј.М., поранешен генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост и претседател на Управниот одбор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Во периодот од 2021 до 2022 година, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, не презел дејствија за реализација на одлуки и заклучоци на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984,00 денари.

И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање. Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата.

На овој начин, на АД „Пошта на Северна Македонија“ му била предизвикана вкупна штета од 10.968.483,00 денари по основ на казнена камата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img