домаМакедонијаЖена од ресенско возела 142 км/час на место со ограничување од 50,...

Жена од ресенско возела 142 км/час на место со ограничување од 50, одземено ѝ е возилото

- Advertisement -spot_img

На 19 октомври, во 14:30 часот, на регионалниот пат во близина на селото Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода 24-годишната Е.Н. од селото Подмочани.

При сообраќајна контрола со радар, полицијата констатирала дека жената управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час, иако со сообраќаен знак брзината на тој дел од патот е ограничена на 50 километри на час.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, по чии насоки возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот, против жената ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img