Home » Започна дистрибуцијата на доверлив избирачки материјал

Започна дистрибуцијата на доверлив избирачки материјал

by Журнал.мк

Над 40 тони хартија на кој е напечатен доверлив избирачки материјал, Државната изборна комисија утрово го презеде од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола и со полициска придружба го дистрибуира до 80 општински комисии низ целата држава. Паралелно со сите активности на ДИК поврзани со целосно затворање на првиот круг од претседателските избори, одеше и процесот за печатење на гласачките ливчиња за парламентарните и вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат в среда на 8 мај.

Доверливиот избирачки материјал мора да се внимава како се дистрибуира. За дистрибуцијата се формирани 20 тима што значи дека побрзо ќе се одвива работата, навреме ќе биде дистрибуиран и ќе има време да се направат сите проверки за на денот на гласање да немаме проблеми, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК.
Од печатницата велат дека станува збор за обемен процес со оглед на кратките рокови меѓу двата изборни круга, но, уверуваат дека гласачките ливчиња имаат висок квалитет и висока заштита. Печатењето се одвиваше под мониторинг на ДИК и ОБСЕ.

Испечатени се 3.600.000 ливчиња а или околу 40 тони хартија. Ливчето има 20 заштити и печатењето се одвиваше на софистицирани машини, рече Пеце Милошевски, директор на печатница „Киро Дандаро“ Битола.
Се надмина проблемот со гласањето на 140 членови на избирачкиот одбор кои заминуваат во Дипломатско конзуларните претставништва да ги спроведат изборите во дијаспората, со што тие во текот на денешниот ден, пред заминување, го остваруваат своето право на глас, велат од ДИК

Одржавме седница денеска и одлучивме да се гласа. Тие ливчиња беа вчера подготвени и денеска ќе гласаат и тие лица, за да никој да не биде спречен да гласа, рече Даштевски
Во вториот круг од претседателските избори, 1.814.317 граѓани имаат можност да избираат претседател од двајцата кандидати, Стево Пендаровски предлог на СДСМ и Гордана Силјановска Дафкова предложена од ВМРО ДПМНЕ . За парламентарните избори, 17 партии и коалиции поднесоа кандидатски листи за пратеници, за кои право на глас имаат 1.815 350 граѓани. . Дијаспората ќе гласа само за претседател, додека за избор на пратеници немаше доволно интерес. Но, сите оние што ќе дојдат во татковината на денот на изборите ќе можат да го остварат своето право на глас.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More