Home » Тенкион паричник каска зад високите велигденски цени

Тенкион паричник каска зад високите велигденски цени

by Журнал.мк

Пазарите полни, во маркетите гужви, цените високи. Граѓаните ги прават последните подготовки за Велигден. Во споредба со лани забележале дека зголемени се цените на речиси сите производи, а во однос на другите години разликата велат е огромна. Поскапо се продава јагнешкото, но цените на овошјето и зеленчукот повторно рушат рекорди. Сепак, велат се обидуваат да обезбедат се што е потребно за велигденската трпеза.

-Скапо е, општо земено се е скапо секој купува колку може..

-Склапо е но зависи за кого како, во однос на лани се многу повисоки но што да се прави

-Повисоки се цените во однсо на лани, не успеавме се да обезбедиме.

Цените кај јајцата се различни, се движи од 7 до 10 денари за јајце. Некаде е и повисока. Килограм јагнешко пак чини речиси 600 денари.

По пазарите цената на пиперките достигнува и до 200 денари за килограм. Краставиците пак се продаваат и по 120 денари за килограм.

Цената за килограм домати достигнува и до 180 денари. Но, пазарџиите велат дека увозниот е поевтин од домашниот, со образложение дека тој е со помал квалитет.

Граѓаните веќе подолго време се борат со високи цени и скапотијата. Но, од друга страна интересно е што статистиката покажува намалување на инфлацијата.

Според, последните податоци, во март годинава во споредба со март лани , трошоците за живот се зголемени за околу 4 проценти. Ова е далеку пониско во однос на онаа што се случуваше лани. Но, граѓаните ваквиот пад не можат да го почувствуваат.

Последните бројки во статистиката покажуваат дека токму кај овошјето и зеленчукот има најголем раст на цените.

Но, тука се и месото, лебот и житата, шеќерот, кафето, чајот, чоколадите и кај другите прехрамбени производи.

Се поизвесно е дека наскоро граѓаните нема да се израдуваат на некое поевтинување. Според, бројките и светските цени растат веќе втор месец по ред.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More