Во Собранието денеска ќе заседаваат неколку комисии, меѓу кои Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлог-законот за високи раководители во прво читање.
Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се најдат Предлог-законот за користење на енергијата од обновливи извори и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, исто така во прво читање.








