Утре завршува забраната за движење во шумите, воведена во согласност со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а по барање на ЈП „Национални шуми“.
Забраната првично беше на сила од 1 јули до 31 август, но поради високите темпаратури и зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, беше продолжена до 30 септември.
Движењето во шумите уште утре ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат. За непочитување на забраната од страна на физички лица во овој период беа предвидени парични глоби.






