домаМакедонијаЗајкова e реизбрана за лидерка на ЛДП, побара проверка на потеклото на...

Зајкова e реизбрана за лидерка на ЛДП, побара проверка на потеклото на имот на сите функционери

- Advertisement -spot_img

Моника Зајкова останува на чело на Либерално-демократската партија, откако делегатите на денешното деветто партиско собрание ѝ ја дадоа довербата за нов претседателски мандат.

Конгресот се одржа во Скопје под мотото „Напред, либералдемократи!“, во присуство на над 400 делегати, претставници на домашни и странски политички партии, дипломатскиот кор и граѓански организации.

Во своето обраќање, Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери од осамостојувањето на Македонија во 1991 година до денес, нагласувајќи дека од проверката не треба да бидат изземени ниту функционерите на ЛДП.

- Advertisement -

Таа се заложи и за поголема поддршка на младинското претприемништво и усогласување на висината на субвенционираниот студентски оброк со реалните трошоци за живот.

На конгресот се обратија и повеќе претставници на европските либерални партии, кои изразија поддршка за европската интеграција на Македонија.

Во рамките на партиското собрание, беа доделени и признанија на истакнати членови за нивниот придонес во основањето и развојот на ЛДП.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img