домаМакедонијаПаркот на жената борец добива нов лик – се обновуваат патеките, урбаната...

Паркот на жената борец добива нов лик – се обновуваат патеките, урбаната опрема и зеленилото

- Advertisement -spot_img

Со обновување на пешачките патеки, замена на старите плочки, реставрација на урбаната опрема и дополнително хортикултурно уредување, Паркот на жената борец во центарот на Скопје добива нов изглед.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности, посочувајќи дека целосната реконструкција се одвива со забрзано темпо.

Тој нагласи дека целта е да се зачува значењето на паркот како место за средба, прошетка и одмор, но и да се обезбеди уреден и негуван простор за идните генерации.

Ѓорѓиевски потсети дека претходно беше обновено и спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше предмет на вандализам, а кај фонтаната повторно е запален вечниот оган.

Градоначалникот најави дека покрај реконструкцијата, ќе продолжат и активностите за редовно одржување на постојните паркови и создавање нови зелени површини низ главниот град.

„Скопје се сака со дела“, порача Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img