домаМакедонијаДржавното знаме кое беше отстрането во Гостивар е вратено на место, МВР...

Државното знаме кое беше отстрането во Гостивар е вратено на место, МВР ги бара сторителите

- Advertisement -spot_img

Македонското знаме кое на снимки која кружеше по социјалните медиуми се гледаше како го отстрануваат две лица и го фрлаат на земја а во пресрет на денот на албанското знаме е вратено улицата „Илинденска“ во Општинас Гостивар . Од МВР а повикувајќи се на информациите на ОВР Гостивар и СВР Тетово и денеска посочуваат дека се уште се трага по сторителите , кога ќе има нови моменти ќе ја информираат јавноста откако овој настан се најде и во билтенот на ресорното мионистерство .

– Случајот како што знаете беше пријавен во Одделението за внатрешни работи Гостивар а полициските екипи извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на истиот. За сите нови информации тековно ќе информираме .

Од општина Гостивар пак веќе реагираа на дел од информациите пренесени во јавноста за отстранување на државното знаме, посочувајќи дека знамињата пред општинската зграда и во центарот на градот се поставени и не се отстранети.

- Advertisement -

Ова предизвика реакции и кај партиите откако од опозициската СДСМ побараа час поскоро случајот да биде расветлен

– СДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар . Бараме МВР веднаш да го расчисти случајот и да ги идентификува сторителите, но и да има одговорност согласно законот . Поделбите во општеството кои ги создаваат ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ заради свои партиски интереси постојано создаваат проблеми и генерираат кризи .Граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии. Држава а не банда !Не предавници! Не арамии.

Реагираа и од владејачката ВМРО ДПМНЕ каде во реакцијата стои :

Најостро го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар , ги повикуваме надлежните институции да постапат . Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано . Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби а не сплотување .

И ЗНАМ се јавија со реакција од каде исто така го осудија овој чин :

– ЗНАМ најостро го осудува чинот на симнување и сквернавење на македонското државно знаме на плоштадот во Гостивар, чин со кој се изразува непочитување кон државните симболи, институциите и државата Македонија. Македонското државно знаме не е симбол на една политичка партија или на една етничка заедница. Тоа е државен симбол на Република Македонија, знаме на македонскиот народ и на сите заедници што живеат во нашата држава. Неговото почитување е обврска на секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност,

Она што беше евидентирано и по социјалните медиуми беше и сликата на поранешниот технички премиер и претседател на собранието Талат Џафери кој заедно со Али Ахмети се сликаа пред картата на Голема Албанија а пак Ахмети и претходно исто така во пресрет на денот на албанската азавука го крена на јарбол албанското знаме кај меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“ во Зајас но без македонското. Во Тетово пак вчера имаше парада на коњаници како дел од културната манифестација кои маршираа со албански знамиња по тетовските улици.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img