домаМакедонијаСпецијалниот известувач на ОН, Леврат: Во регионот постојат сили кои го негираат...

Специјалниот известувач на ОН, Леврат: Во регионот постојат сили кои го негираат македонскиот идентитет, ЕУ има различни стандарди за заштита на малцинствата

- Advertisement -spot_img

Специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат, призна дека во регионот постојат силни сили кои се обидуваат да го негираат македонскиот идентитет, посочувајќи и на различните стандарди во Европската Унија во однос на заштитата на националните малцинства.

Леврат ова го истакна во одговор на обраќањето на претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на меѓународен состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран во седиштето на ОН во Женева.

Стерјовски ја покрена состојбата и предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија, укажувајќи на политичкиот притисок што, според него, Бугарија го врши врз Албанија користејќи го своето членство во ЕУ и влијанието во процесот на европска интеграција.

- Advertisement -

Тој посочи дека целта е да се промовираат тврдењата дека Македонците во Албанија се Бугари.

– Неприфатливо е европските аспирации на Албанија да се користат како предност за притисок врз земјата да прифати политики што придонесуваат за асимилација на македонското малцинство. Македонците во Албанија не смеат да станат колатерална штета во процесот на европска интеграција на Албанија, истакна Стерјовски.

Тој укажа и на обидите за промовирање бугарски идентитет меѓу припадниците на македонската заедница преку политичко влијание, финансиски поттици и институционален притисок.

Според Стерјовски, македонското малцинство се соочува со проблеми во остварувањето на правото на образование на мајчин јазик, институционална поддршка за зачувување на јазикот и културата, политичка застапеност и економски развој на областите во кои живее.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img